Search

На грчкиот остров Крит пристигнаа околу 60 бегалци и мигранти

На грчкиот остров Крит, синоќа беа пренесени околу 60 бегалци и мигранти, меѓу кои и деца, откако чамецот со кој пристигнаа со помош на реморкер беше извлечен до пристаништето во Палеохора во југозападниот дел на островот, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, чамецот бил забележан во морскиот дел во близина на Крит, интервенирала крајбрежната служба, а синоќа сите бегалци и мигранти од пристаништето, со автобуси биле пренесени во просториите на затворен базен, каде што ќе се спроведе процесот на нивна идентификација, врз основа на протоколите за заштита од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави