Search

Милвоки избегна „метла”, Лејкерс изедначија со Хјустон

ЛА Лејкерс не дозволи Хјустон да се одлепи и експресно се врати во игра во полуфиналето на Западот. Утрово, „езерџиите“ славеа со 117:109 и изедначија на 1-1. Најзалужни за победата беа Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, кои заедно постигнаа 62 поени.

„Кралот“ беше на прагот на трипл-дабл учинок со 28 поени, 11 скокови и 9 асистенции, додека пак Дејвис мечот го заврши со дабл-дабл учинок и 34 поени и 10 скокови.

Хјустон со одлична трета четвртина (23:41) се врати во игра, но Џејмс Харден не можеше сам, Вестбрук имаше лоша партија со само 10 поени, па „ракетите“ на крајот мораа да се помират со пораз.

Милвоки не дозволи „метла“ и намали на 3-1 во пресметката со Мајами. Без својот прв играч, Јанис Адетокумбо, кој се повреди на стартот од втората четвртина, триумфираа со 115:118 во возбудлив меч и по едно продолжение.

Во отсуство на Гркот, Мидлтон со 36 поени беше прв играч на мечот. Кај поразените шестмина кошаркари беа двоцифрени со поени, но се исткн Адебајо со 26 коша, 12 скока и 8 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави