Search

Конфликт меѓу Куман и управата на Барселона

Тукушто се смири тензијата околу Лионел Меси, Барселона ја удри нов земјотрес, овојпат на релација тренер-управа.

Причина за тоа е евентуалното засилување во средниот ред на кое инсистираше Роналд Куман. Тој го бара својот сонародник Џиџи Вајналдум, член на Ливерпул, а челниците не попуштаат за поранешниот играч на Барселона, Тијаго Алкантара.

Клубот веќе ги контактирал агентите на двајцата фудбалери, но уште не е доставена конкретна понуда. Мал конфликт има и за напаѓачката позиција. И тука Куман инсистира на Холанѓанец – Мемфис Депај, а управата е упорна по Лаутаро Мартинес.

Треба да знаете
Последни објави