Search

Италија ја победи Холандија, Ерлинг Халанд блескаше во Белфаст (ВИДЕО)

Вечерва ширум Европа се одиграа неколку натпревари од Лигата на Нации. Дербито се одигра во Амстердам каде Холандија дома загуби од Италија со 0:1.

„Аѕурите“ доминираа, елегатно ги победија квалитетните Холанѓани, а пресуден момент беше голот на Барела со глава во 45.минута.

Домашните можеа да се извлечат со супер потегот на Депај во 90.минута, но тој шутираше атрактивно и за малку непрецизно, Донарума имаше многу, многу среќа. Веднаш на другата страна Кеин имаше шанса за 2:0, но останаа тие конечни 1:0 за избраниците на Манчини.

Норвешка “торпедираше“ во Белфаст, Халанд беше во елемент со два супер гола за својата селекција од вкупните 5:1. Албанија дома загуби од Литванија, а Белорусија успеа да го победи Казахстан на негов терен и да освои големи три бода.

БиХ на мечот со Полска почна добро, имаше и водство со голот на Хајрединовиќ од пенал, но сепак гостите на крајот победија со 1:2. Австрија непријатно изненадена од Романија, дома загуби со 2:3. Израел со гол во судискотото продолжение се спаси од пораз.

Шкотска на гости кај Чешка направи мало изненадување и успеа да победи со 2:1.

 

 

Треба да знаете
Последни објави