Search

Во Хрватска почнува школската година со задолжително носење маски и за учениците и за наставниците

Владата на Хрватска во четвртокот ја донесе одлуката за настава во основните и средните училишта, високообразовните установи и за работата во предучилишните образовни институции во услови на пандемија од коронавирусот. Наставата започнува да се одвива од денеска. Министерот за образование Радова Фукс, за реализација на училишната програма од денеска потсети дека треба да се почитуваат здравствено-безбедносните препораки.

Маските во Хрватска се задолжителни во затворените простории и јавниот превоз. Тоа значи дека ќе бидат задолжителни да ги носат и учениците и наставниците. Доколку некои не сакаат да ги носат, Фукс потсетува дека Министерството не пропишало санкции, бидејќи Хрватска не е полициска држава, но нагласи дека ученикот кој ќе одбива да го стори тоа ќе биде третиран како да ги прекршува правилата на однесување пропишани во училиштето, исто како да го уништува ѕидот на училиштето.

-Во тој случај или ќе се повикаат родителтие или ученикот ќе биде отстаренет од наставата и ќе биде испратен дома. Директорите на училиштата ќе имаат можност да каже дека непочитувачите на протоколите ја нарушуваат работната дисциплина. За наставниците кои не можат да носат маски поради некоја здравствена причина, постојат алтернативни решенија, визири – истакна министерот за образование.

Треба да знаете
Последни објави