Search

Во Виена уште 10 нови смртни случаи од Ковид-19

Виена, која со недели е жариште на коронавирусот во Австрија, со повеќе од половина од вкупниот број на новозаразени на дневно ниво, одеднаш го зголеми бројот на смртни случаи за десет.

Покраинскиот санитарен директорат и кризниот штаб на Виена соопштија дека бројот на смртни случаи се зголемил од 212 на 222, односно за десет, врз основа на собирање податоци и препорака на Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС).

Според препораката, статистиката на починати мора да ги вклучува и оние лица кои биле позитивни на коронавирусот во одреден временски период пред смртта, при што Ковид-19 не мора да биде причина за смртта.

Како што се наведува во соопштението, ова се податоци од периодот од крајот на март до почетокот на септември.

Инаку, во Виена до сега се регистрирани 8.691 заразени со коронавирусот.

Во Австрија, во последните 24 часа се регистрирани 290 нови случаи на заразени со коронавирусот. Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, вкупно 29.335 лица биле тестирани позитивни на коронавирусот. Вкупниот број на смртни случаи во цела Австрија од почетокот на епидемијата е 746.

Треба да знаете
Последни објави