Search

(Видео) Потонаа пет брода на предизборна парада за Трамп во Тексас

Дури пет мали бродови кои биле дел од парадата за поддршка на предизборната кампањата на Трамп, за негов нов претседателски мандат, потонале во езерото Тревис во близина на Остин, Тексас.

„Украсете ги своите бродови со патриотски бои и развејте онолку знамиња на Трамп колку што можат да издржат вашите пловила!“, гласела поканата со која поддршувачите на актуелниот американски претседател биле повикани на парадата. „Ајде да испретиме силна порака“, било наведено во истата.

Меѓутоа, пораката не испаднала токму како што се надевале. Кога стотици бродчиња започнале да се движат заедно, тоа создало големи проблеми за учесниците. Наскоро, шерифот во округот Тревис добил 15 повици за помош.

„Речиси веднаш по започнувањето на парадата, започнавме да примаме повици за помош од бродовите“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот. „Итните повици беа разновидни и вклучуваа: бродчиња во кои влегла вода, мотори кои престанале да работат, превртени чамци и бродови што тонат“.

Повеќето бродчиња во кои навлегла вода успеале да се извлечат пред да завршат на дното на езерото, соопшти канцеларијата на шерифот. Но, пет бродови потонале. Три биле извлечени, а два и натаму се на дното на езерото.

Никој од оние кои повикале помош не е повреден, соопшти канцеларијата на шерифот.

Од таму соопштија и дека не нашле докази за можна саботажа.

Треба да знаете
Последни објави