Search

Борел: На Белорусија и е потребен национален дијалог за надминување на кризата

На Белорусија и е потребен национален дијалог за надминување на актуелната криза, изјави првиот човек на европската дипломатија Џозеп Борел, коментирајќи ги тековните протести во оваа земја.

“Импресивните масовни демонстрации во Минск и другите градови уште еднаш ја покажаа решеноста на белорускиот народ да ги искористи своите слободи, права и демократија. Сето тоа и покрај апсењата, заплашувањата и насилството од белоруските власти. Потребен е инклузивен национален дијалог”, напиша Борел на Твитер.

Американските медиуми потсетуваат дека собирите на граѓаните во знак на протест против резултатите од неодамнешните претседателски избори во Белорусија речиси еден месец се одржуваат практично секојдневно, а на протестните акции за време на викендите се собираат десетици илјади лица.

Треба да знаете
Последни објави