Пирло чека одговор Суарез или Џеко ќе го засили нападот на Јувентус

Уругавајскиот фудбалски интеранционалец Луис Суарез или босанскиот Един Џеко ќе биде засилување во нападот на повеќекратниот италјански фудбалски првак Јувентус. Кој од овие двајца фудбалери е поблиску до „старата дама“ е прашање со кое се занимаваат италијанските и шпанските медиуми.

Работите се менуваат од минута во минута, иако вчера преселбата на Суарез во Торино изгледаше завршена работа. Денеска од Шпанија пристигнуваат поинакви информации. Суарез иако ги договорил личните услови за тиргодишна соработка со Јувентус, според кои ќе заработува 10 милиони евра по година, трансферот го кочи Барселона. Новиот тренер на Барса, Роналд Куман се изјасни дека не смета на Суарез.

Уругвајскиот напаѓач не сака да ја напушти Барселона без да му биде исплатена отштета од 17 милиони евра за едностран раскин на договорот. Тимот од „Камп Ноу“ не сака да ја плати таа сума. Во мешувреме се појавија и информации дека и еден од условите на Лионел меси да остане уште една година во Барселона е покрајнего да биде неговиот пријател Суарез !?

Ваквите препреки не се во домент на Јувентус кој може да го загуби трпението и новиот тренер на „старата дама“ Андреа Пирло за што поскоро да го симне од дневен ред прашањето кој играч ќе го има на располагање во нападот да посегне по ангажманот на Џеко.

Треба да знаете
Последни објави