Нов скандал во Англија: Гринвуд и Фоден исфрлени од репрезентацијата

Двајцата млади фудбалери од репрезентацијата на Англија, Мејсон Гринвуд (Манчестер Јунајтед) и Фил Фоден (Манчестер Сити) се исфрлени од репрезентацијата на Англија поради прекршувањето на мерките за заштита од коронавирусот.

Гринвуд и Фоден си донеле девојки во хотелот во Исланд каде што Англија победи со 1:0. За првпат во нивната кариера двајца беа стартери, а сега се казнети поради недисциплина и непочитување на правиата. Следниот натпревар Англија ќе го игра против Данска и двајцата нема да бидат во комбинација за овој натпревар, тие со авион се вратени дома.

Ќе потсетиме овие два натпревари на Англија ги пропушти и Хари Мегваер кој прво беше на списокот па потоа исфрлен поради инцидентот во кој учествуваше на Миконос и беше осуден на условна затворска казна.

Треба да знаете
Последни објави