Search

Јапонија евакуира повеќе од 100.000 домаќинства поради тајфунот Хаишен

Властите во јужните јапонски префектури Окинава, Кагошима, Кумамото и Нагасаки наредија превентивна евакуација на повеќе од 100.000 домаќинства поради невремето предизвикано од тајфунот Хаишен.

Поради лошите временски услови, повеќе од 3.000 домаќинства останаа без електрична енергија во Окинава, најјужната островска префектура во Јапонија, како и повеќе од 8.000 домаќинства на островот Амами Ошима.

Властите соопштија дека две лица се повредени во невремето, а населението го повикаа да биде на во состојба на готовност поради потенцијално забележани налети на ветрови, врнежи од дожд и плима и осека.

Поради лошите временски услови, откажани се повеќе од 500 летови од Окинава и јужните делови на Јапонија.

Треба да знаете
Последни објави