Search

Харадинај очекува од Брисел „посветеност и сериозност” во однос на Косово

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај очекува од Европската унија да покаже „иста посветеност и сериозност” кон Косово, како што тоа го прават Соединетите Американски Државијави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај побара од Брисел да го олесни признавањето на Косово од петте членки на Унијата кои се уште не го сториле тоа, како и да го исполни ветувањето за визна либерализација за косовските граѓани.

Тој воедно нагласува дека САД, со тоа што доведоа до признавање на косовската независност од страна на Израел, „уште еднаш докажаа дека се светски лидери и го потврдија стратешкиот интерес за мир, економски просперитет и стабилност во Косово и регионот”.

Потпишувањето на последниот договор со Србија, што се случи во саботата во Белата куќа во Вашингтон, поранешниот косовски премиер го оцени како „голем чекор” на Косово.

– Сега нашите очекувања се дека Европската унија ќе покаже иста посветеност и сериозност (како САД), порача Харадинај.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, во саботата, на 4 септември, во Вашингтон потпишаа договор за економска стабилизација, со кој се регулира соработката меѓу двете земји во повеќе економски области.

Харадинај, чија партија е дел од владејачката коалиција во Косово, во истата објава на Фејсбук изрази надеж дека и Ватикан наскоро ќе ја признае независноста на косовската држава.

– Нашите молби исто така се упатени кон папата Франциск, со надеж дека наскоро Светата столица ќе го признае Косово како независна и суверена држава, напиша Харадинај. 

Треба да знаете
Последни објави