Search

Нема да дозволиме скопските училишта да добијат дозвола за настава во живо за повисоките одделенија

Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа вели дека скопските училишта нема да добијат дозвола за настава во живо за повисоките одделенија.

„Доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа.“, вели министерот.

Во однос на прославите Филипче вели дека се уште има мини кластери што се јавуваат од настани на кои луѓето не ги почитуваат превентивните мерки

„Се уште има такви настани и се уште има мини кластери што се јавуваат од настани на кои луѓето не ги почитуваат превентивните мерки. Повторно се собираат, еве ги гледаме младите луѓе во угостителските објекти, на јавните површини, повторно семејни забавни, но има и еден процент од заболените кои кажуваат дека не знаат каде се заразиле“, рече Филипче во интервјуто.

Треба да знаете
Последни објави