Search

Крими коалицијата СДСМ/ДУИ на брза лента штанцала дозволи за 200 милиони евра профит на контроверзен бизнисмен

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски на Фејсбук побара од владеачката коалиција одговори во врска со ДУМ во Тетово, откако на вчерашната прес конференција обвини за криминал тежок 200 милиони евра.

-Во очекување на одговори на клучните прашања кои ги поставив во текот на вчерашниот ден околу изгласувањето на ДУП за просторот на поранешен ШИК Јелак Тетово, овој ДУП усвоен од крими коалицијата СДСМ/ДУИ ќе донесен заработка од неверојатни 200 милиони евра на инвеститорот, во прилог доставувам документи од кои се гледа дека се одело на брза лента. Имено општина Тетово предводена од ДУИ поднесува барање за согласност за ДУП до Министерството за транспорт и врски на 21.02.2020г а Министерството предводено од СДСМ ја дава согласноста на 28.02.2020г.

Министерството предводено од СДСМ за само 7 дена одлучува дека е во ред планот со кој се предвидува урбана џунгла во Тетово од 230 000 метри квадратни од кои само станови се над 2 000 со 8 000 нови жители. Планот со кој се овозможува заработка од 200 милиони евра на инвеститорот се одобрува за само 7 дена, во услови кога граѓани по месец дена не може да извади обично уверение.

https://www.facebook.com/NikoloskiA/posts/1664514350379948?__cft__[0]=AZXdGFtJs899klTGtehhNWUILM2h-6mvVZHNQMQareGdAbvxRiaJ8Co-8IZ37-ae9lNL2AeDkT8PTPKi1i7isKZGbR7o64iTOdSOvjOS1dqw212mEdZvqoqzBHbcuRKa8Ib1KE4PboFA15v3D28lACBeYYddLH9XhjYPSbMogSsQ6A&__tn__=%2CO%2CP-R

Кога ќе се направи споредба за што приложувам документ се гледа дека во претходниот план скоро и да не се предвидени згради а во овој кој се носи тоа е скоро пола, во претходниот не се предвидени деловни простории а во новиот тоа е скоро една четвртина. Очигледно мотивот е голем, слушнавме во објавените разговори во јавноста дека 300 000 евра биле исплатени, а на тоа доколку се заврши работата треба да се дадат уште 2 000 метри квадратни како и 2 милиони евра. Се поставува прашањето кај кого од СДСМ и ДУИ завршиле? Како и кој е бизнисменот што ги дава?

По мене клучно е пошироката јавност да знае дека Миодраг Дака Давидовиќ е контроверзен црногорски бизнисмен кој е еден од главните финансиери на политичките и општествени структури на Балканот кои се против евроатланската интеграција на целокупниот регион вклучително и Македонија. Целата негова бизнис кариера е поврзана со соработка со структури кои му овозможуваат добри профити кои потоа ги инвестира во подривање на аспирациите на земјите на Балканот за мир, соработка и интеграција во НАТО и ЕУ. Не случајно е еден од најконтроверзните ликови во Србија, во Босна и Херцеговина и во Црна Гора, соработник и пријател на најекстремните политички и верски кругови во овие земји, човек врз кој имаше обид и за атентат минатата година и човек кој не крие дека стои позади антидемократски и антизападни политики.

Дали се свесни СДСМ и ДУИ, дали се свесни Заев и Ахмети дека овозможуваат огромен бизнис од кој профитот ќе биде употребен против стратешката европска и евроатланска ориентација на Македонија?

Ако има консензус помеѓу клучните политички партии во Македонија за членство во ЕУ и НАТО како е возможно да се соработува со вакви контроверзни бизнисмени? Дали бизнис интересите се посилни од се? И дали Заев и Ахмети се свесни дека парите заработени во ШИК Јелак Тетово ќе се користат во целиот регион против демократски избрани влади? Ова се прашања на кои јавноста очекува одговор.

 

Треба да знаете
Последни објави