(Видео) Турција пренесува тенкови на границата со Грција

Турција пренесува тенкови од југоисточната провинција Хатај во северозападната провинција Едрене, која се граничи со Грција, во услови на криза во источниот дел на Средоземното море, објави турската новинската агенција ИХА, повикувајќи се на воени извори.
Агенцијата тврди дека два конвоја што превезувале околу 40 тенкови ја напуштиле областа Реиханли во провинцијата Хатај на границата со Сирија. Изворот додава оти се очекува тенковите да бидат испратени до Едрене со железница.

Треба да знаете
Последни објави