Search

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 27 милиони лица

Повеќе од 27 милиони луѓе, поточно 27.005,196, биле заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдметерс”.

Според веб-страницата, од последиците на вирусот досега починале 882.359 лица, а оздравеле 19.103.268 лица.

Во моментов има повеќе од седум милиони активни случаи.

Ситуацијата е најтешка во САД, каде повеќе од 6,4 милиони луѓе се заразени со коронавирусот.

На второ и трето место се Бразил и Индија со над четири милиони заразени.

Русија и натаму е четврта во светот и прва во Европа по бројот на заразени со вирусот Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави