Повредени полицајци во сообраќајки во Струга и Скопје

На 05.09.2020 во 12.10 часот било пријавено дека на улица Маркс и Енгелс во Струга се  случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фолксваген голф“, управуван од Љ.А.(64) од Струга, автомобил „ауди“, управуван од А.Ф.(29) од село Радолишта,струшко, како и полициска „шкода јети“, што ја управувал полициски службеник.

Во незгодата се повредени тројцата возачи, кои биле пренесени во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

На 05.09.2020 во 08,40 часот било пријавено дека на булевар Александар Македонски во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат“, сопственост на МВР, управувано од И.Д.(47) од Скопје и пикап „фолксваген кеди“ со  скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н (29) од Скопје.

Во незгодата И.Д. се здобил со повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави