Скопје има 140 дивоградби, градот нема ингеренции над нив

Скопје има 140 дивоградби, градот нема ингеренции над нив, рече градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

На местото каде се руши објектот пред „Мавровка“, пак, вели тој, веројатно ќе може да се обнови истиот објект односно кафулето кое се наоѓаше во сутеренот.

„Градот за жал, нема ингеренции над дивоградбите. Аналитиката кажува дека има околу 140 објекти на територијата на Град Скопје. Повикувам сите институции да си ја вршат работата. Во ’Мавровка‘ во сутеренот беше легализиран тој објект, веројатно во постапка на обнова може да се врати тој дел кој беше легализиран“, изјави Шилегов.
Објектот пред „Мавровка“ кој никна на местото на терасата од кафулето „Фонтана“, по три дена рушење е срамнет со земја. Рушењето започна во средата откако владата препорача Општина Чаир и ЈП Македонија пат да потпишаат договор за уривање. Денеска, сликата од терен покажува дека има само градежен шут и остатоци од бетонска арматура.

СПОДЕЛИ

Треба да знаете
Последни објави