Изградени 16 километри пешачки и велосипедски патеки во општина Илинден 

– Во општина Илинден се изградени 16 километри пешачки и велосипедски патеки, како и 12 моста од кои половината се пешачки, со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и на велосипедистите.

Општината соопшти дека меѓу приоритетите и се реализација на Проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура – изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта и Проектот за подобрување на безбедноста во сообраќајот, патна сигнализација, пешачки патеки.

– Безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и на велосипедистите како најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на општина Илинден во последните години. Причина за тоа е неколкукратното зголемување на фреквенцијата на сообраќајот на локалните улици и патишта поради забрзаниот локален економски развој односно отворањето на повеќе од 200 стопански субјекти со што и   невработеноста е намалена на само 3 отсто. Тоа влијаеше Илинден, покрај инвеститорска дестинација, да стане и посакувано место за живеење, а сообраќајните шпицови карактеристични за поголемите градови станаа секојдневие, наведуваат од Општината.

Со порастот на бројот на жители во Илинден, зголемен е и бројот на моторни возила што ја наложило потребата од континуирана изградба на нова патна, комунална и енергетска инфраструктура, како и одржување на постојната во вкупна должина од 306 километри.

Треба да знаете
Последни објави