Search

Стерлинг погоди, Исланд промаши пенал, Црна Гора посупешна од Кипар

Англија славеше минимално во Рејкјавик против Исланд во натпревар од првото коло од Лига А од Лигата на нации (0-1), а во кој гостите реализираа, а домачините промашија пенал.

Нештата беа полесни за Исланѓаните кога Кајл Вокер заработи втор жолт картон и со тоа исклучување на 20 минути до крајот на натпреврот.

Тоа за нијанса ја намали доминацијата на англиските репрезентативци, кои немаа некои изразити шанси за да го променат почетниот резултат. Сепак, Ингасон направи непромислен потег во надополнувањето кој му донесе црвен картон, а пеналот го искористи Рахим Стерлинг за конечни 0-1.

Најстрога казна имаше и на спротивната страна, но Бјарнасон немаше нерви и пропушти голема прилика да го израмни резултатот во последните секунди од мечот.

Стеван Јоветиќ беше човек на одлука во триумфот на Црна Гора на гостувањето кај Кипар (0-2). Најдобриот фудбалер на Црногорците во завршницата реализира двапати и донесе три бода за својата репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави