Search

Мајсторија на Мбапе во Стокхолм, Белгија убедлива во Данска

Франција минимално ја совлада селекцијата на Шведска, кога на гостувањето во Стокхолм со 0-1 се радуваше на трите бода од првото коло.

Единствениот погодок на натпреварот за „триколорите“ го постигна Килијан Мбапе, кога од мртов агол ја измами одбраната на скандинавците пред полувремето. Тимот кој го предводи Андерсон во вториот дел немаше сили да го загрози светскиот првак и загуби на стартот од Лигата на нациите.

Третопласираната екипа на последното издание од Светското првенство, Белгија со 0-2 славеше на гостувањето кај Данска во првото коло од второто издание на Лигата на нациите.

Дрис Мертенс се испостави како клучен во победата на оваа репрезентација во Скандинавија, откако со асистенција и гол учествуваше во освојувањето на трите бода. При првиот погодок, играчот на Наполи го проигра Денајер кој го отвори резултатот уште во деветтата минута, додека на крајот, Мертенс го потврди победникот во 77. минута од средбата.

Треба да знаете
Последни објави