Search

Изгоре автомобил во Куманово

Изминатата ноќ горел автомобил на кумановец, соопшти денеска СВР Куманово. Настанот во кумановската полиција во 3 часот  по полноќ го пријавил 61-годишниот сопственик на возилото.

– В.С.(61) од Куманово пријавил дека околу 3 часот било опожарено неговото патничко моторно возило „фолксваген пасат” со кумановски регистарски ознаки, се наведува во соопштението на СВР Куманово. Пожарот го изгасиле пожарникари од ТППЕ Куманово. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила и екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави