Search

Изгаснат шумски пожар кај тетовско Гајре

– Шумски пожар под селото Гајре е изгаснат ноќеска од тетовските пожарникари, на површина од околу 1000 метри квадратни. Командантот на противпожарната единица Ука Алити информира дека пожарот зафатил нискостеблеста шума, а проблем во вакви случаи е тешко пристапниот терен, со што е голема опасноста огнот лесно да се шири и потешко да се совлада.

-Иако станува збор за помала шумска површина од само 1000 метри квадратни, ваквите пожари се опасни бидејќи се на планински предел и поради сувата вегетација во овој период лесно можеше да се прошири и кон селото. Ваквите пожари се тешки за гаснење поради отежантиот пристап до теренот, рече Алити.

Пожарникарите добиле повик околу 19.30 часот, а бил изгаснат за околу еден час. Интервенирале четири пожарникари со едно возило. 

Треба да знаете
Последни објави