Search

Драма во Ченто: Го фатиле додека им ги палел автомобилите, па пукал за да избега

На 05.09.2020 околу 04,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христофер Жефаровиќ“ во Скопје биле опожарени патничко возило “фолксваген пајтон“ со скопски регистерски ознаки и патничко возило“фолксваген туарег“ со светиниколски регистарски ознаки, двете сопственост на И.Ф.(28) од Скопје.

Таткото на сопственикот на возилата С.Ф.(54) се обидел да го фати лицето за кое се сомнева дека ги запалило возилата, но тоа испукало еден куршум од пиштол и избегало.

Повредени нема. Извршен е увид од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави