Search

Вучиќ: Во ЕУ не се премногу среќни поради договорот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави од Вашингтон за ТВ Пинк дека договорот што го потпиша во Белата куќа е исклучително добар за Србија.

Вучиќ изјави дека тој е во интерес и на Србите и на Албанците.

„Тешко дека ќе имаме толку добри договори во иднина. Нема да искажувам претерано задоволство, за да не ја омаловажувам другата страна. Овој договор е добар за обете страни“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека тие ја разбираат тишината на Европската унија, бидејќи овие договори даваат простор и за некои други страни. На прашањето како го коментира молкот на ЕУ, тој рече дека не се премногу среќни.

На заклучокот дека се вели дека сето тоа е сторено за кампањата на Трамп, Вучиќ рече: „Сигурно дека Трамп не би сторил нешто што би било спротивно на неговата кампања, но ако тие мислат дека сето ова за кое разговаравме, сите овие патишта, железници, слободен проток на стоки, услуги, заштита на нашите цркви… ако не ни е важно, туку е за нечија кампања, овие луѓе не се ниту добронамерни, ниту сакаат добро за својата земја“.

Треба да знаете
Последни објави