Search

Во Турција запленети над 1,7 тони марихуана

Турската жандармерија на југот од земјата спрове акција  која беа запленети над 1,7 тони марихуана и околу 90 000 стебла канабис, пренесува Анадолија.

Властите во областа Лице во Дијарбакир соопштија дека операцијата има за цел да го запре шверцот на дрога од терористите на ПКК и да ги изведе одговорните пред лицето на правдата.

За време на операцијата полицијата на девет локации заплени тон и 756 килограми марихуана и 90.000 стебла канабис.

Членовите на терористичката организација ПКК шверцуваат дрога и одгледуваат канабис, со што се финансираат нивните незаконски активности. ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и ЕУ, уби речиси 40.000 луѓе, вклучително и жени и деца, за време на кампањата против Турција, која трае повеќе од 30 години.

Треба да знаете
Последни објави