Search

Битиќи ќе води сметка и за странските инвестиции

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи најверојатно ќе биде задолжен да води сметка и за странските инвестиции, откако министрите без ресор за привлекување на странски инвестиции и за подобрување на деловната клима во Македонија останаа без работа, пишува „Фактор“.

Министерските позиции на Зорица Апостолска, Елвин Хасан, Хисен Џемаили и Бардуљ Даути, кои беа задолжени за странските инвестиции во претходната Влада, се укинати, а на инвеститорите лани им исплатиле околу 22 милиони евра.

Апостолскадоделила најмногу пари за исплата на државна помош на странските компании во 2019 од сите преостанати министри, или 11.694.495 евра, од кои на КРОМБЕРТ & ШУБЕРТ му „простила“ 7.402.960 евра за ослободување од персонален данок на доход и 50 отсто ослободување од вкупниот износ на сите надоместоци и 1.847.030 еур за готовински грантови за инвестициски трошоци, на ВИК Македонија му доделила 1.127.495 евра за машини и опрема и помош за инвестиции, на Кранфилд Фаундри 1.007.851 евра за работни места и инвестиции, како и на Телемон 309.159 евра за исплата на персонален данок на доход, готовински грант и дополнителна помош за инвестиции.

Државната помош аминувана од Апостолска вреди повеќе од таа на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, од каде што се исплатени 6.521.311 евра за Гентерм, Џојсон Сејфти Систем, Техникал Текстил, Џонсон Мети, Макдиа ОДВ- Електрик, Аптив Сервисес, Хај Тек, Адиент Аутомотиве, Ван Хол, Џагатај, Дура Аутомотиве, Баумер, Костал, Витек, Мурат Виринг Системс, Гересхајмер, Адиент и Глас Флекс.

Четворицата министри без ресор доделувале државна помош на домашните и странските инвеститори и согласно законот за финансиска поддршка на инвестициите. Преку истиот, парично се стимулираат десетици претпријатија кои имаат потврдени планови за реинвестирање.

 

Треба да знаете
Последни објави