Search

Без Роналдо и Модриќ: Португалија ја декласираше Хрватска

Убедлива победа од 4:1 за репрезентацијата на Португалија над Хрватска во еден од најинтересните дуели вечерва во 1. коло од Лигата на Нации. Португалците одиграа одличен натпревар и без првата ѕвезда во тимот, Роналдо, доминираа во секој сегмент, го решетеа голот на Ливаковиќ со удари од сите позиции, погодија четирипати и до пред самиот крај беа со празна мрежа.

Хрватите до почесен гол стигнаа во 91. минута, кога Петковиќ погоди по асистенција на Ребиќ.

Претходно, Португалија отвори со една “бомба“ на Кансело во 41. минута, за во вториот дел Жота и Жоао Феликс да го матираат уште двапати голманот на „коцкестите“ за убедлива победа на првиот освојувач на Лигата на Нации, која беше комплетирана во 95. минута со голот на Андре Силва.

Франција слоавеше минимално со 1:0 на гостувањето кај Шведска со погодокот на Мбапе уште од првото полувреме. „Триколорите“ имаа пенал во самата завршница, но Гризман не погоди.

Победа на гости обезбеди и Белгија, која со 2:0 славеше над селекцијата на Данска. „Црвените ѓаволи“ на Роберто Мартинез славеа со головите на Денаер и Мертенс, по еден вод вете полувремиња.

Треба да знаете
Последни објави