Search

Апсења во Мелбурн на протестот против карантинските мерки

Полицијата во австралиската држава Викторија уапси неколку лица поради протест против карантинските мерки воведени во градот Мелбурн поради пандемијата на коронавирусот.

Рестриктивните мерки во Мелбурн вклучуваат и ноќен полициски час.

На протестите учествуваа околу 300 лица, а четворица мажи беа уапсени за поттикнување демонстрации планирани на повеќе локации во градот, додека подоцна, за време на протестите, имаше апсења на демонстранти, вклучително и за неносење заштитна маска за лице.

Викторија е најтешко погодена земја во Австралија кога станува збор за пандемијата, а според последните податоци евидентирани се уште 76 случаи на зараза и 11 нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а вкупниот црн биланс на пандемијата во Австралија достигна 748.

 

Треба да знаете
Последни објави