Прекини на електрична енергија во Скопје за време на викендот

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека викендов и в понеделник, заради планирани технички зафати во електро-системот во градот Скопје, без електрична енергија ќе бидат неколку скопски општини. Утре и задутре, во периодот од 08:00 до 18:00 часот, дел од корисниците, со повремени краткотрајни и долготрајни прекини на стопанските и нестопанските објекти, во Индустриска зона „Пинтија“, од ОХИС до влез во Драчево, општина Кисела Вода.

В понеделник, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците во с. Волково, с. Орман и корисниците во околина на ГП „Гранит“. Во периодот од 09:00 до 13:30 часот, в понеделник, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на ул. Пандил Шишков бр. 7 (по старо бр. 1), општина Аеродром. Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, в понеделник без струја ќе бидат дел од корисниците на цело с. Осинчани,  општина Сопиште.

Треба да знаете
Последни објави