Search

Хендерсон се закани дека ќе го замени Де Хеа како бр.1 во Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон ја фрли ракавицата на теренот на Давид де Хеа, откако изјави дека е убеден дека тој ќе стане број еден за „црвените ѓаволи”. 23-годишниот Англичанец потпиша нов пет годишен договор со тимот од „Олд Трафорд”, а очигледно нема да прифати да биде резерва за Шпанецот.

На прашањето дали знае дека не може да биде првиот избор за репрезентацијата на Англија ако е резерва во неговиот клуб, Хендерсон рече: „100 проценти. Јас го прифаќам тоа 100 проценти. Но, ова нема да се случи”.

Неговите зборови беа толкувани дека ако не успее да го престигне Де Хеа кога ќе започне новата сезона, 23-годишниот играч ќе се залага за нов заем во тим од Премиер лигата.

– Ќе се вратам на првиот ден од претсезонскиот тренинг, откако ќе работам силно за да влезам во почетниот состав, бидејќи ова е нешто што отсекогаш сум го посакувал. Сега сум толку блиску до тоа, така што нема да се откажам – ќе извршам притисок, рече самоуверениот Хендерсон.

Во последните неколку сезони, Де Хеа направи серија големи грешки. Тој има договор со Јунајтед до 2023 година.

По успешната позајмица во Шефилд Јунајтед, Хендерсон го доби и првиот повик во репрезентацијата на Англија за натпреварите против Исланд и Данска во Лигата на нациите. Кај „трите лава” тој ќе се натпреварува за голманската позиција со Џордан Пикфорд и Ник Поуп.

Треба да знаете
Последни објави