Search

Браќата Усеини остануваат во притввор уште 30 дена

Основниот суд во Охрид им го продолжи притворот на Нефи Усеини и неговиот брат Ибро за 30 дена, објави „Скопје1.мк“. Тие веќе осум дена се наоѓаат во притвор, откако претходно полицијата не можеше да ги најде и распиша потерници по нив.

Притворот им е продолжен поради опасноста дека ќе избегаат, но и еден ден откако Обвинителството им поднесе обвинение за насилтво и побара браќата да останат во притвор. Охридскиот советник од редовите на ДУИ и бизнисмен, Нефи Усеини претходно понуди по 15.000 евра за двајцата како гаранција да бидат ослободени, која судо во Охрид ја прифати, но Апелацискиот суд во Битола ја отфрли.

Според обвинението, браќата го повикале оштетениот Спире Топалоски на средба во познат охридски хотел, но расправијата почнала уште во автомобилот со кој дошол Топалоски. Продолжиле на паркингот каде вербалната пресметка преминала во физичка.

Нападнатиот тврдеше дека бил удрен о пиштол, но потоа негираше дека Исенин го удрил, како и дека видел оружје кај него.

Полицијата претходно поднесе кривична пријава против Усеини и за насилство и недозволено држење оружје, но во обвинението се гонат само за првото кривично дело за физичкиот напад на охриѓанецот Спирко Топаловски.

 

Треба да знаете
Последни објави