Рама не ги крие аспирациите за трет мандат

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама не ја крие желбата да добие трет мандат со победата на следните парламентарни избори што ќе се одржат во април-мај следната година.

-Албанците денес немаат подобра алтернатива од СП, ниту подобар премиер од мене, рече Рама по состанокот на пратеничката група на која се определени лицата одговорни за изборните активности во сите девет окруз.

Додава дека нема простор за самозадоволство и оти Албанците заслужуваат и треба да имаат повеќе.

– Честопати се прашувам и прашувам дали можевме да сториме повеќе отколку што сторивме досега? Без сомнение да. Се додека сум тука и имам намера да барам друг мандат на крајот од овој, убеден сум дека ќе сторам уште повеќе. Подготвен сум да им докажам на Албанците дека имам уште поголема желба, амбиција и волја да направам повеќе за нив. Би сакал да сте подготвени да го сторите истото, рекол Рама.

Тој својот полтички опонент, Демократската партија ја нарече хроничен губитник.

На средбата со парламентарната група одредени се полтички претставници околу активностите за изборите за деветте окрузи во земјата, при што тој е одреден за округот Драч.

Договорено е исто така на четврти септември да се одржи Националното собрание на партијата а од актуелните пратеници побарал да „бидат поблиску со граѓаните и да работат за нив”.

Последните парламентарни избори во Албанија се одржаа на 26 јуни 2017 година на кои левата коалиција преводена од Социјалстите на Рама вторпат по ред ги доби изборите.

Треба да знаете
Последни објави