Search

Џулијан Мур ќе глуми во екранизацијата на бродвејски хит

Џулијан Мур ќе се приклучи на актерската екипа на претстојниот филм „Драги Еван Хансен“ во продукција на „Јуниверзал студиос“ објави „Дедлајн“ во вторникот.

59-годишната оскаровка ќе ја глуми мајката на Еван Хансен, тинејџер со социјална анксиозност, кој се фаќа во лага кога семејството на еден соученик кој извршил самоубиство ќе помеша едно од писмата на Еван со опроштајната порака на нивниот син.

Бен Плат, Ејми Адамс и Кејтлин Девер исто така ќе играат во адаптацијата на бродвејскиот хит-мјузикл.

Треба да знаете
Последни објави