Search

Џуди Денч вели дека сѐ уште го чувствува духот на покојниот сопруг

Познатата британска глумица Џуди Денч за „Мирор” вели оти никогаш нема да ја надмине смртта на нејзиниот покоен сопруг Мајкл Вилијамс и дека тој, понекогаш, како сѐ уште да ја посетува дома.

– Се случуваат неочекувани работи. Понекогаш вратата сама се отвора и мислам дека тој е внатре, тука, продолжи таа зборувајќи за својата тага.

Џуди и Мајкл 1995 година се вселија во замок од 17 век со замок и имот од шест хектари во Сари. Таму сега има и дрво посветено нему. Тие беа  брак од 1971 година. Двојката глумеше заедно во хумористичната серија од 1980 година – „Една убава романса” (A Fine Romance), како и во неколку сценски продукции, кога и двајцата работеа во британскиот „Кралски театар на Шекспир”. Двајцата се појавуваат и во филмот на Франко Зефирели од 1999 година – „Чај со Мусолини”.

Зборувајќи за нејзиниот сопруг, Џуди смета дека Мајкл бил „најбескорисниот човек” на светот. – Ох, Боже, како ме тераше да се смеам. Си поминавуваме прекрасно. Имам среќа што го познавав.

Мајкл почина три недели пред нивната 30-годишнина од бракот во 2001 година, по долга борба со рак на белите дробови.

Непосредно пред смртта на Мајкл, единственото дете на парот, ќерката Финти Вилијамс – исто така глумица, со нејзиниот 23-годишен син Сем, се вселиле во домот, со повеќе нивни миленичиња.  

Треба да знаете
Последни објави