Search

Јапонија размислува да им понуди бесплатна вакцина на сите жители

Јапонската Влада разгледува предлог бесплатно да им се понуди на сите граѓани вакцина против коронавирусот. Владата во Токио соопшти дека нејзината цел е да обезбеди доволно вакцини за сите граѓани до средината на следната година.

Со оглед на тоа дека коронавирусот е исклучително заразен и остава трајни последици врз здравјето на оние кои го прележале, јапонските власти сметаат дека што повеќе луѓе треба да примат вакцина.

Треба да знаете
Последни објави