Search

Шкотска забрани собири и по куќи

Шкотските власти од денеска забранија собири во куќи во Глазгов и два блиски окрузи поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Од полноќ, 800.000 жители на Глазгов, Западен Данбартоншир и Источен Ренфрушир не смеат да примаат луѓе кои не се дел од нивното домаќинство во нивните домови, ниту им е дозволено да се посетуваат едни со други.

Шкотската премиерка Никола Старџен ја објасни оваа одлука со изјавата дека инфекцијата најмногу се пренесува во домовите и дека мерката ќе важи две недели, пишува Гардијан.

„Знам колку е непопуларна оваа мерка за луѓето во тие области. Го знам тоа затоа што живеам и во Глазгов. Значи, правилата важат и за мене како и за секој друг”, рече Старџен на прес-конференција.

Училиштата, пабовите и рестораните ќе останат отворени.

Треба да знаете
Последни објави