Search

„Шкода октавија“ омилена на државните институции, ама на тендери се јавувала само по една компанија

Владината служба за општи и заеднички работи со 46 купени службени возила е на првото место на листата на државни институции кои набавиле најмногу автомобили во послендите три години. Таа набавува возила за министерствата, министрите, и затоа е тоа најголемата набавка.

Ова е истражување кое го направи Центарот за граѓански комуникации, а кое го презентираше Герман Филков во „10 МИНУТИ“ на ТВ21.

Сепак, според Филков, чудно е што на тендерите се јавувале само по  една компанија, во 90 отсто од случаите само две компании.

-Сите знаеме колку дилери на возила има во земјава, и колку фабрики за возила постојат, и навистина чуди податокот што во 71% од тендерите се јавиле само 1 компанија, а во 90% по 2 компании. Тоа треба да се испита зошто е тоа така, рече Филков.

На државните институции најомилена марка им било „Шкода Октавија“.

Општината Струга набавила возило во вредност од 66 илјади евра, и тоа е најскапото службено возило набавено од една државна институција. Станува збор за „фамозното“ Ауди А6 поради кое се крена многу прав во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави