Search

Чурлинов верува дека македонските надежи имаат потенцијал да и се реваншираат на Шпанија

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година се подготвува за утрешниот дуел со Шпанија на арената „Тодор Проески“ (18.45 ч) во рамки од 6. квалификациска група за Европското првенство. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да и се реваншираат на фаворизираната Шпанија за поразот од првиот дуел (3-0).

Напаѓачот Дарко Чурлинов не ја крие самодоверба и верува во тимот дека е кадарен да извлече позитивен резултат, најпрво со фаворизираната Шпанија како домаќини, но без поддршка од навивачите, а потоа и на гостувањето кај фарски острови на 8 септември кои се аутсајдери во групата. на првата средба македонија ги испрати „рибарите“ од Скопје со седум гола во мрежата.

-Се обидуваме да ги најдеме слабите страни на Шпанија. Ние се гледаме себеси како фаворити. На првиот натпревар загубивме поради наши грешки. Ќе биде добро да се фокусираме само на нашата игра и мислам дека можеме да извлечеме позитивен резултат против Шпанците. Јас верувам во овој тим, оптимист е Чурлинов.

 

Треба да знаете
Последни објави