Search

Филипче: Здравствениот систем е целосно подготвен за можниот нов бран на Ковид-19

Здравствениот систем е целосно подготвен за можниот нов бран на Ковид-19. Сакам да ги уверам граѓаните дека сме подготвени со болнички кревети, медицинска опрема, кадар, лабораториски капацитети, дополнителни болнички капацитети, мини клиниката до Инфективната клиника, новата амбуланта на Клиниката за пулмологија, која ќе биде тријажен центар за Клиничкиот центар. Направивме една целосна реорганизација на Клиничкиот центар за да бидеме подготвени за есенските месеци. Ги ангажиравме и младите лекари.

Ова вечерва го истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостивањето на емисијата „Само вистина” на Канал 5, во која посочи дека неколку параметри кои укажуваат дали епидемијата е под контрола се бројки кои се намалуваат.

– Се намалува вкупниот број позитивни случаи од вкупниот број направени тестови. Повеќе недели вкупниот број дијагностицирани се намалува, се намалува што е исклучително многу битно ројот на пациенти кои се наоѓаат во болница. Болниците практично се испразнија. Тоа се должи веројатно на тоа што луѓето се надвор и покрај тие интензивни контакти при прекршувањето на овие мерки помала е вројатноста дека вирусот ќе се пренесе и затоа ние стравуваме од есенските месеци од таа зголемена концентрација на луѓе во затворена просторија. Втора работа е нашиот пристап за едно широко тестирање, што значи се тестираат и контактите на заболените со цел рано да се откријат сите кои се евентуално асимтоматски носители. Близу 30 проценти од вкупниот број дијагнстицирани се асимптоматски носители, нешто што ни овозможува да имаме целосен увид во епидемијата, рече Филипче.

Потенцира дека добар е трендот во смисла на намалување на вкупниот број дијагностицирани, но не очекуваат дека ќе има нагло намалување на бројот на новозаболени.

Во доцните есенски месеци, посочи, ќе има зголемена кнцетрација на луѓе во маркети, банки итн., во просторија каде сега ред се чека надвор пред врата.

– Тогаш тоа тешко ќе може да се организира. Луѓето на почетокот на септември се враќаат на работните места, завршени се одморите, се зголемува таа фреквенција на комуникација, градинките почнуваат со работа од следната недела и сето тоа се ризик фактори, кои можно е кај нас епидемијата, односно сликата да ја влошат и ние во таа смисла ги подготвуваме капацитетите, истакна Филипче.

На прашање на што се должи големиот број починати од Ковид-19 минатата недела одговори дека неколку фактори влијаат.

– Смртноста не е поголема од европскиот и светскиот просек. Имаме специфичен пристап кога станува збор за тестирање пациенти кои ќе починаат. Имаме две ситуации. Во една ситуација пациентите доцна доаѓаат во болница, со откажана функција на срцето и белите дробив и бараат кардио белодробно оживување, значи практично процес на реанимација, кој таму каде не е успешен, каде пациентот починал, фамилијата укажува дека тој имал симптоми кои можат да личат на Ковид. Земаме брис постмортен со цел да знаеме дали починатиот бил носител на вирусот и да ги заштитиме членовите на семејството, рече Филипче.

Вториот момент, појасни, е што 30 отсто од вкупниот број починате за жал многу доцна се дојдени во болница.

– Тие мораше да се стават на респираторна машина. Тоа се најтешките пациенти, додаде Филипче.

Треба да знаете
Последни објави