Search

Урнат дел од дивоградбата кај ТЦ Мавровка

Дел од дивоградбата кај ТЦ Мавровска е урнат попладнево по четири часа активно рушење со градежната механизацијата на ЈП за одржување на патишта.  Уривањето започна под силно полициско обезбедување и голем медиумски интерес.

Владата вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

Сопственикот на објектот Мевлудин Алити за време на уривањето, пред медиумите рече дека објектот не е дивоградба и оти има елаборат и платени такси и комуналии над 4,7 милиони денари. Алити вели дека ги избегнувал медиумите во изминатиот период бидејќи сметал дека неговиот приватен бизнис не е предмет на јавен интерес.

За објектот што денеска се урива изминатиот период имаше дебати и полициска истрага. Откако општинските власти утврдија дека се работи за дивоградба, беше распишан тендер кој да го урива објектот, но никој не се јави.

Треба да знаете
Последни објави