Search

Стаси Николау рекламира долна облека за „Фенти“

Најдобрата пријателка на Кајли Џенер, Стаси Караниколау, предизвика топлотен бран на нејзиниот Инстаграм профил во вторникот.

На фотографиите, 23-годишната Стаси на себе има цветна долна облека од тантела и слична комбинација во бела боја – од брендот за долна облека Savage x Fenty на музичката дива Ријана. Оваа линија е дел од летната кампања „Љубовна танела“ креирана во соработка со Адам Селман.

Стаси, која е амбасадорка на брендот, во најновата фотосесија на себе има градник од 34.95 долари и килоти од 14.95 долари.

Нагласувајќи ги совршените црти на лицето со малку шминка, и со слободно пуштена коса, таа додаде малку сјај во својот изглед со обетки и нараквици.

 

Треба да знаете
Последни објави