Search

Русија од Германија бара податоци за лекувањето на Навални

Русија побара од Германија да и достави исцрпни детали за медицинските тестови извршени врз Алексеј Навални, руски опозициски политичар кој се лекува во Берлин, а кој е во кома објави денеска рускиот весник РБЦ.

Весникот наведува дека Канцеларијата на Обвинителството побарала информации од германското Министерство за правда за третманот на Навални, вклучително и резултатите од тестовите на лекови, отрови, тешки метали и инхибитори на холинестераза, кои влијаат на нервниот систем.

Засега нема одговор од Обвинителството ниту од германското Министерство за правда како ќе се одговори на барањето.

Руските обвинители минатиот месец изјавија дека не гледаат потреба да започнат кривична истрага за случајот, бидејќи не најдоа знаци дека било сторено кривично дело.

На Навални му се слоши по летот од Сибир за Москва на 20 август откако пиеше чај на аеродромот.

Неговите советници сметаат дека тој бил намерно отруен, но руските власти наведуваат дека нема докази за тоа.

Треба да знаете
Последни објави