Search

При претрес во Арачиново пронајдена и одзедена марихуана

Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера (01.09.2020) при претреси во Арачиново пронајде и одзеде марихуана.

По претходно добиени оперативни информации и добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории на Б.А. (33) од с. Арачиново.

Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави