Search

Пред дивоградбата кај Мавровка се распоредува механизација за рушење

Во моментов пред дивоградбата кај трговскиот центар Мавровка се распоредува механизација, а има и присуство на полиција- објави „Алсат“. Вчера на владината седница беше одлучено нелегалната градба да ја урива претпријатието „Македонија пат“.

Дивоизградениот објект никна на местото на некогашното кафуле „Фонтана“, кое во мај изгоре во пожар и тоа среде полициски час.
Општина Чаир цело лето ветуваше дека ќе ја урне дивоградбата, но тоа не го стори.

Треба да знаете
Последни објави