Search

Пентагон јави за успешно завршено испитување на суперсонична крилеста ракета

Aгенцијата за одбранбени напредни истражувачки проекти (ДАРПА) и военото воздухопловство на САД, синоќа соопштија за успешно завршена тест фаза на два прототипа суперсонични крилести ракети од концептот Hypersonic Air-breathing Weapon Concept (ХАВК).

Оружјето, крстосувачка ракета, е припоено на авионот, испитано во таканаречана „заклучена носење” и сега креаторите се подготвени да го испитаат во услови на слободен лет.

Од воено-воздухопловните сили на САД јавуваат дека тоа ќе биде сторено до крајот на оваа година. САД развиваат неколку суперсонични ракети.

Пентагон претходно соопшти дека тоа го прават и Кина и Русија.

Треба да знаете
Последни објави