Search

Пауновски: Кафулето во Бисер не било регистрирано, забавата е организирана на црно

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски вели дека инспекторите направиле синоќа излегле на терен и направиле записник, а  ќе биде поднесена прекршочна пријава и ќе има забрана за работа до 30 дена. според него следуваат прекршочни пријави, но не и за посетителите.

Во моментов се подготвува Решение за забрана за работа и во текот на денот се очекува на објектот во „Бисер“ да осамне пломба.Покрај тоа што барот не бил регистриран, пречекорено било и работното време, бидејќи започнувајќи од септември, до еден по полноќ кафулињата и баровите смеат да работат само во петок и сабота, а сношти забавата го надминала законски предвиденото работно време.

Сепак, казни или опомени за присутните нема, па остануваат апелите за поголема совест и свесност кај граѓаните, но и угостителит, на кои им е дозволено, за време на епидемијата, да ги отворат вратите за посетителите, единствено во согласност со строгите протоколи за работа, изготвени од Комисијата за заразни болести.

Треба да знаете
Последни објави