Не може Заев да е решение за скандалот со Еуростандард, зошто тој е причината за проблемот

Соопштение до јавноста –реакција на соопштението на Владата поврзано со средбата со преставници на оштетените граѓани од Еуростандард Банка

 

„Не може Заев да е решение за скандалот со Еуростандард Банка, зошто тој е причината за проблемот.

Еуростандард Банка е 200 милиони евра тежок скандал, а Заев човекот кој не спречи пропаѓање на банка  кој сега не може да биде дел од решението. Јавноста очекува одговори која е таа струмичка компанија блиска до власта која добивала кредити без покритие од банката? Како се користени тие пари? Каде завршувале и зошто нема одговорност за министерката на Заев Нина Ангеловска која пред време си ги извлекла парите?

Потребна е кривична одговорност за  министрите и раководителите на институции директно одговорни за аферата? Потребна е одговорност што стотици луѓе остануваат без работа и над 100 илјади луѓе со блокирани сметки.“

Треба да знаете
Последни објави