Search

Некои руски наставници одбиваат да примат вакцина против коронавирусот од безбедносни причини

Со почетокот на новата учебна година во Русија властите ветија дека ќе им овозможат на лекарите, учителите и наставниците да бидат меѓу првите кои ќе ја примат новата руска вакцина против коронавирус, наречена Спутник V.

Некои наставници немаат проблем да примат вакцина која не ја поминала третата фаза на клинички испитувања, додека други се загрижени поради несаканите ефекти и ефикасноста и немаат намера да се вакцинираат, пишува Си-eн-eн.

Руски синдикат на наставници покрена онлајн петиција со која се повикуваат членовите да одбијат вакцинација против Ковид-19 од безбедносни причини. Исто така, нагласува колку е важно вакцинацијата да остане на доброволна основа во оваа фаза и да не стане задолжителна; барем додека не завршат целосно клиничките испитувања.

„Додека не завршат сите клинички тестови, не можат да воведат задолжителна вакцинација“, рече Јуриј Варламов, наставник од синдикатот „Учител“.

„Но, јас знам дека во некои училишта се зборува за задолжителна вакцинација до крајот на оваа година. Ова е политичка одлука“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави