Search

Мицотакис: Грчкото општество ја сфаќа потребата да носиме маска

Сакам да го изразам моето задволство за факот што грчкото општество се чини дека веќе ја сфаќа потребата да носиме маска онаму каде што експертите ни посочуваат дека е потребно, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешниот редовен состанок за ситуацијата со коронавирусот во земјата и додаде дека „се чини дека општеството е сојузник во напорите” за справување со епидемијата. Освен за потребата да се носи маска, Мицотакис изрази задоволство и за зголемениот број тестирања, истакнувајќи дека во текот на вчерашниот ден биле направени 17.000 тестови на целата територија.

-Продолжувме да имаме многу ниска стапка на позитивни случаи, односно број на позитивни случаи во однос на бројот на тестови, нешто што го сфаќам како позитивна разврска, рече Мицотакис.

На состанокот одржан преку видеоконференција присуствуваа министрите за здравство и за туризам, државиот министер, заменик-министерот за цивилна заштита, замениците-министри под премиерот, генерални секретари, како и епидемиолози и претседателот на Националната организација за јавно здравје.

Треба да знаете
Последни објави